„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Национални шуми: Повторно нови пожари, во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-03-180237

По краткиот прекин и станилизирање на состојбата претпладне, попладнево во повеќе места во Македонија изнувнаа нови пожари.

— реклама —

Информацијата ја објави заменик директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов.

„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам. Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража.

— реклама —

Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово.

Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари.

После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми”, екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.

Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС.

Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите”, напиша Михаилов на ФБ.

Тој објави и видео од пожарот над Ваксинце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Вработените од „Национални шуми“ во штрајк: Плати нема, а има нови 450 вработувања

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања