„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Над 30 жртви, десетици повредени - при бегањето имало стампедо, починале од гушење, дел биле заглавени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-16-at-07.19.24

Над 30 жртви, претежно млади лица, има од пожарот во дискотеката „Пулс“ Кочани. Ова се неофицијалните информации кои се добиваат од вклучени во истрагата од институциите, по страшната трагедија. Точниот број и натаму се утврдува.  Има и многу повредени лица кои се однесени низ болниците во државата.

— реклама —

Ваква трагедија, Македонија не памети. Според првичните информации, пожарот избувнал околу три часот изутрина. По првиот чад, гостите тргнале кон излезот, каде се створило стампедо и хаос.

— реклама —

Огнот брзо се ширел. Дел од гостите биле жртви на огнот, а дел се угушиле од чадот. Противпожарните бригади и Брзата помош реагираше брзо. Внатре, според неофицијални бројки, имало стотици гости.

Досега се огласија само од Обвинителството.

„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат оттаму.

На терен е и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на БЈБ, Александар Јанев и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Детални и официјални инфорамции очекуваме од институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања