„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Надлежностите над плажите на Охрид и Струга за брзо ќе ги превземе државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
plazi-ezero

За една недела во собрание влегува законот за градежно земјиште. Тоа ќе значи дека надлежностите над плажите на Охрид и Струга ќе бидат под државата, а нема да бидат под локално ниво.

— реклама —

„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски . Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги превзема Владата на Р Македонија е предлагање закон за одземење на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите, истакна денес Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески .

— реклама —
ZFGFMiZVPTU

Но, за одземање на надлежностите Владата за прв пат јано проговори на собраниска седница на 27 декември 2018 год.

Тогаш Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.

– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.

Тој тогаш потенцираше дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања