Денеска во Алејата на великаните на загрепските гробишта Мирогој, членовите на семејството, најблиските пријатели и колеги се простија од Аки Рахимовски
Освен семејството, сопругата, синот Кристијан и ќерката Едина, први пристигнаа членовите на бендот со Хусеин Хасанефендиќ Хус, потоа Џибони, Никша Братош, Дино Јелушиќ, Нено Белан, Нина Бадриќ, Маријан Бркиќ, Јурица Паѓен и други.
Пред ковчегот на Аки имаше посвета со стиховите „Нашата улица е тажна од кога не си овде… Зошто тажната песна ја пеат оние што остануваат“, од песната на „Моја је пјесма лагана“ од „Парни ваљак“. Венецот во форма на срце исто така беше поставен пред ковчегот на последното збогување, кој ја носеше пораката на неговата двегодишна ќерка Антонија: „Тато, те сакам. Антонија“.