Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Најмалку 12 повредени во пукање на фестивал во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library7mqff5rm8ru105iC1S8
screenshot x

Најмалку 12 лица се повредени во пукање што се случи во градот Толедо, во американската сојузна држава Охајо, на фестивалот „Олд Вест Енд“.

Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот по локално време, додека полицијата им помагала на посетителите да го напуштат просторот по завршувањето на фестивалот.

— реклама —

Според информациите од полицијата, десет лица се здобиле со прострелни рани, додека уште две биле повредени при обидот да побегнат од местото на настанот. Повредените се на возраст од 16 до 51 година.

Едно од лицата се наоѓа во критична состојба.

— реклама —

Полицијата соопшти дека засега нема приведени осомничени и упати апел до граѓаните да помогнат во истрагата со информации, фотографии или видеоснимки од настанот.

— реклама —

„По 23 часот беа испукани повеќе истрели. Во моментов имаме десет лица со прострелни рани и уште две кои се повредени при бегството. Никој не е уапсен“, изјави началникот на полицијата Мајкл Трендл.

Градоначалникот на Толедо, Вејд Капшукиевич, го осуди нападот и порача дека станува збор за трагичен ден за локалната заедница.

— реклама —

„Фестивал кој повеќе од 50 години е гордост на нашиот град, стана место на насилен злосторнички чин. Сега ни е потребна помош од јавноста за да ги пронајдеме одговорните“, изјави градоначалникот.

Фестивалот „Олд Вест Енд“ е еден од најголемите во регионот, а оваа година беше одбележана неговата 51-ва годишнина. Истрагата за инцидентот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања