Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Најмалку 24 загинати во руски напад врз село во југоисточна Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarym346ckdh2g3m229UYnw

Најмалку 24 лица загинаа, а петмина се повредени во повеќе руски напади врз селото Комишуваха во југоисточна Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи ги бомбардирањата како „апсолутно страшни“.

— реклама —

Според неговите информации, руските сили најпрво фрлиле воздушни бомби врз локалното училиште, кое се користело како пункт за делење хуманитарна помош. Потоа следел нов напад со уште девет бомби, при што било погодено и засолништето во кое се криеле жителите.

— реклама —

Началникот на Запорошката област, Михајло Семекин, соопштил дека врз селото биле фрлени најмалку девет воздушни бомби, тешки по 3.000 килограми. Украинската Државна служба за вонредни состојби потврдила дека загинале 24 лица, меѓу кои двајца спасувачи и четворица полицајци.

— реклама —

Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините, а постои стравување дека бројот на жртвите може да порасне бидејќи дел од луѓето сè уште се затрупани. Акцијата неколкупати била прекината поради напади со руски беспилотни летала во областа.

— реклама —

Зеленски оцени дека нападите ја уништуваат секоја надеж за напредок кон мирот, обвинувајќи ја Русија дека не сака деескалација. Руската војска засега нема официјално да се огласи за нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4cpig138qjlb4ORBIVj

(Видео) Двајца загинати и 40 повредени во руски напад врз Запорожје, меѓу повредените бебе и три деца

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryefs5qfh0nrc521DwzCJ

По 14 часа под урнатините, спасено седумгодишно момче во Украина

Свет | пред 1 ден

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 2 дена

media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања