Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryefiekqqslt0beS8OCQ5

Професорот д-р Иван Барбов во „Претрес со Ландов“ откри дека една од главните причини поради кои ѝ предложил на Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија била тоа што таа имала бугарско, но не и македонско здравствено осигурување.

Неврологот објасни дека во моментот кога ја дал препораката не знаел дека на Михаилова ѝ биле одземени патните исправи и дека не смеела да ја напушти Македонија.

— реклама —

„Главната причина беше дека јас знаев дека таа има два пасоша, има осигурување во Бугарија и логично беше да предложам да го продолжи лекувањето во Бугарија за да не биде изложена на трошоци“, изјави Барбов.

Запрашан дали ќе ја испрател на лекување во Бугарија доколку имала македонско здравствено осигурување, лекарот одговори негативно.

— реклама —

„Нема зошто да ја праќам. Единствена причина беше што таа немаше осигурување и логично беше да се лекува во Бугарија“, рече тој.

Барбов појасни дека препораката за третман со пумпа била само негов стручен предлог, а не одлука донесена преку постапката за упатување пациенти на лекување во странство.

— реклама —

„Само предлог. Тоа не отиде на стручен колегиум“, изјави лекарот.

Според неговото објаснување, пациентката не можела да ја помине вообичаената постапка за лекување во странство преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување, бидејќи не била негов осигуреник.

— реклама —

Барбов нагласи дека во периодот на лекувањето постапувал како лекар, без да знае за судските ограничувања што важеле за Михаилова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv6uaksi7g2qj6VHZBBR

Михаилова, која избега во Бугарија, тврди дека баба ѝ е киднапирана на граница – МВР: Разговаравме со неа два часа, по што влезе во Македонија

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-librarymequ0lteooto830thXS

Обвинителот од Кочани бара јавно Ива Михаилова да му се извини по обвинувањата за дискриминација и барање пари изнесени во бугарскиот поткаст

Македонија | пред 14 часа

media-library0dohn262op8q9Sbx5be

На судењето на Ива Михаилова присуствувал бугарски пратеник кој фотографил за време на рочиштето, тврди братот на загинатиот во несреќата

Македонија | пред 16 часа

media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq

Судот во Кочани ја одби Ива Михајлова: Нема да може да го следи судењето преку видеоврска од Бугарија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања