Промени тема
Контакт

(Видео) „Не се поднесува веќе“ – туристички водич реагира поради глутници кучиња во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
kucina415

Туристичкиот водич Васко Марковски реагира поради многуте бездомни кучиња кои се групирани низ Скопје, а од кои, туристите се плашат да поминат.

— реклама —

„Ова веќе не се поднесува, нема никаква смисла, да се работи како туристички водич во Градот Скопје со сите овие кучиња, секојднвно да се надвикуваш, да ги трпиш проблемите кои другите луѓе ги имаат со кучињата кои се овде. Приметете колку луѓе има во групата и колку кучиња има наоколу и колкави се кучињата“, вели Марковски во снимката.

— реклама —

Тој додава: „Не знам дали Градот Скопје е свесен колку туристи има во градот, колку посетители има, и дека не му секому толку романтично да се занимава со овие кучиња наоколу. Не се сите толку добри, како што повеќето од нас мислат дека се, има кучиња кои ненадејно напаѓаат луѓе. Не им е пријатно во групата секојдневно во нив да се туркаат кучињата“.

„Скопје1“ побара став од Градот Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска, дали ги слушаат поплаките, како и дали имаат разбирање за тие кои се плашат од уличните животни кога се групирани.

— реклама —

Oд Јавното претпријатие „Лајка“, велат дека кучињата во Центар мигрираат поради недостаток на храна.

„Кучињата завршуваат на улица поради недостаток направна регулатива, но и отсуство на имплементација на постоечката со сите свои недоследности, односно целосно отсуство на соодветен инспекциски надзор.

ЈП ЛАЈКА како надлежно прифатилиште се бави со последницата на целиот овој проблем, односно од како кучето ќе заврши на улица. Да бидеме попрецизни, должни сме да го заловиме кучето, да го сместиме привремено во нашето прифатилиште, да го подложиме на пропишаниот третман, и доколку не постои интерес за вдомување, видливо обележано да се врти на локацијата од која е заловено. И во тој поглед, нашата работа е завршена, особено ако се земе во предвид последниот мониторинг на популацијата на улични кучиња на територија на Општината, каде се заклучи дека на ниво на општина има 536 улични кучиња, од кои 88,46% се веќе третирани.

Бројката на кучиња на должен километар е 2.26 кучиња што претставува пониска популација на кучиња на должен километар од просекот за град Скопје. Проблемот во Општина Центар се продлабочува, имајќи го во предвид фактот што кучињата постојано мигрираат, па општината како место со најголем извор на храна, но и можеби најпријателско расположение спрема бездомните кучиња, е територија на која се упатуваат и единки кои не потекнуваат од тие локации, односно имаат ушни маркици од други општини“, велат од „Лајка и додаваат:

„Со оглед на фактот дека не сме во можност да ги згрижиме сите кучиња од улица и трајно да ги сместиме поради недостаток на капацитет (во Скопје се проценува бројка од 6000 единки, а ЛАЈКА е регистрирана за 140) , но и поради тоа што истото би било спротивно на позитивните правни прописи, постапуваме единствено со цел третман, односно заловување на кучиња без ушни маркици, кои не го поминале третманот, и по документирани пријави за каснување по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство. Запознаени сме со проблемот на господинот Васко Марковски, и во повеќе наврати постапивме и ги вратиме кучињата во општините од каде се заловени според ушните маркици и нашата евиденција, меѓутоа истите повторно се враќаат во Центар и повторно ги придружуваат туристите, кои веројатно се пријателски расположени спрема нив. Во истиот момент кога капацитетите ќе дозволат, ќе преземеме мерки да истите бидат заловени и сместени во стационарот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjq2pfbfuqspkdhnfBul

(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа

Скопје | пред 3 седмици

media-librarytb3ud508667bd3vRR0V

(Видео) Скопје станува европска танцова сцена: Над 2.900 танчери доаѓаат на големото IDO првенство

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања