Американскиот претеседател Доналд Трамп со сопругата Меланија ненадејно пристигнаа во Ирак , во посета на воената база Ал Асад. Претседателот Трамп со оваа посета како да ја правдаше својата одлука за повлекување на американските трупи од Сирија, тврдејќи дека повеќето ќе почнат да размислуваат како него.
„Мислам дека многу луѓе ќе почнат да размислуваат како мене. Време е да почнеме да ја користиме главата“, кажа Трамп во воздухопловната база Ал Асад која се наоѓа источно од Багдад. Тој со првата дама Меланија таму мина три часа со американските војници.
Трамп истакна дека САД не планираат да ги повлечат војниците од Ирак, додавајќи дека таа база може да се користи за мисии во Сирија.
Порача и дека нема да брза да номинира замена за Матис, првиот министер во неколку децении кој реши да се повлече поради несогласување со политиката на претседателот.
Американскиот лидер поради одлуката за повлекување од Сирија, која ја донесе верувајќи дека милитантите на Исламска држава се поразени, го критикуваат неговите републиканци, демократите и меѓународните сојузници.
Критичарите тврдат дека одлуката може да го поткопа американското влијание во регионот и дипломатските обиди за крај на конфликтот во Сирија кој трае веќе осум години.