Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Необичен протест во САД: Пензионер секоја сабота ги попречува камерите за надзор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4ldnrfnt8dn95ixlgpy
Илустрација

Системите за автоматско препознавање на регистарски таблички (ALPR) повторно се во центарот на вниманието во САД, откако 77-годишен пензионер од Флорида избра необичен начин да протестира против нивната употреба.

Карл Ган секоја сабота оди на различна локација во градот Сент Питерсбург, каде што полицијата користи околу 50 вакви камери. Тој застанува под една од нив и со табла поставена на стап привремено ѝ го блокира видното поле.

— реклама —

Според него, сакал да испрати порака без да оштетува јавен имот.

„Видов дека некои ги уништуваат камерите, но тоа не е мојот начин. Сакав мирно да го изразам своето несогласување“, изјавил Ган за локалните медиуми.

— реклама —

За време на еден од протестите, полицијата разговарала со него, но му дозволила да продолжи. Според достапните информации, тој не бил ниту приведен, ниту казнет.

— реклама —

Неговиот протест доаѓа во период кога низ САД се води сè поголема дебата за употребата на системите што автоматски ги читаат регистарските таблички.

Иако компанијата „Flock Safety“ е меѓу најпознатите производители на вакви камери, слични технологии нудат и други компании, а во некои американски градови договорите со добавувачите веќе се раскинати поради загриженоста за заштитата на приватноста.

Ган нагласува дека неговиот протест не е насочен против конкретна компанија, туку против технологијата за масовен надзор воопшто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 2 часа

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 1 ден

media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 1 ден

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања