Заклучени врати и стотина граѓани пред нив – ваква е сликата кај полициската станица „Пролет“, каде во долги колони и денеска се чекаше за да се поднесат документи за издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи. Редицата на граѓани се протега долж улицата, а вратата од пунктот е заклучена. Граѓаните биле известени од службеник на МВР дека втора смена за издавање документи – нема да има.
„Не знам госпоѓо што е работата, нивниот надлежен кажа дека нема да се работи веќе. Нема да работи пунктот денеска, нема да доаѓа втора смена. Не знам како да ви помогнам“, им кажа службеник од МВР на сите кои чекаа“, кажа службеникот кој бил задолжен само да извести.
Одговори побаравме и од МВР. Прашавме зошто пунктот не работи втора смена, но и зошто затвора во 13 часот. Оттаму очекуваме одговори.
Пред овој пункт има граѓани кои доаѓаат и чекаат ред и по неколку денови. Претежно станува збор за возрасни граѓани, на кои од личните документи им зависи и подигнувањето на пензиите од банка, плаќањето сметки, секојдневното функционирање. Покрај нив е и младата популација, која чека ред да ги извади сите документи.
„Скопје1“ веќе објави дека пасошите нема да важат после 12 февруари. Граѓаните се во трка со времето за да ги променат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи ако не се донесе поинаква одлука и тие ќе бидат неважечки.
Пасошите нема да важат од 12 февруари, без разлика до кога е рокот на истекување
Пасошите нема да важат по 12 февруари, без разлика на рокот на истекување, а за личните карти и возачките дозволи ќе треба дополнително да се одлучува со оглед дека граѓаните сѐ уште чекаат термини. „Скопје1“ дознава дека институциите размислуваат да донесат одлука со која, валидноста на личните карти и возачките ќе бидат продолжени за уште неколку месеци.Одлуката која моментално е на сила, истекувањето на важноста на документите да биде до 12 февруари. Ова е промена која ја наметнаа уставните измени. Процесот на промена на документи не одеше брзо за граѓаните. На пунктовите во Скопје секојдневно има гужви. Граѓаните се плашат дека без документи нема да можат да функционираат, односно да вршат институционална идентификација, подигнуваат пензии и плати.Од МВР велат само дека документите треба да се променат. На реакциите дека има гужви по пунктовите, а нема ниту доволно термини, велат дека прават сѐ за секој граѓанин да добие документ навремено.„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи. Покрај редовното работење со закажан термин, овозможивме и фотографирање за лични документи без закажан термин во ПС Пролет. Што се однесува до подигнувањето на веќе готови документи, шалтерите работат и преку викенд и тоа соодветно го најавуваме преку медиумите за граѓаните да бидат информирани кога и каде можат да подигнат документи“, велат од МВР.
Македонија | пред 2 години