Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Невреме на југот на Франција: Поплавени куќи, затворени патишта и спасувачки акции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Свет
media-libraryjm8c4oqaspvi8Ji1oAD

Обилните врнежи предизвикаа поплави и сериозни проблеми на југот на Франција, каде што четири области се под портокалово метеоролошко предупредување. На Корзика во текот на ноќта биле евакуирани 73 лица, соопштија надлежните служби.

Француската метеоролошка служба „Метео Франс“ го проширила предупредувањето и на областите Источен Еро и Јужен Гар, покрај Корзика и Горна Корзика. Предупредувањето стапило во сила во 10 часот, а постои можност да биде подигнато на повисоко ниво доколку продолжат силните бури.

— реклама —

Евакуираните жители на Корзика биле сместени во спортска сала во Порто Векио. Од средата, обилните дождови го зафатиле ова подрачје, при што биле спасени 20 лица. Едно од нив било извлечено од автомобил што го однела надојдена вода.

— реклама —

Поплавени се и десет куќи, а неколку патишта се затворени поради излевање на водата преку мостовите во околината на Порто Векио, Сота и Фигари.

— реклама —

Во областите Источен Еро и Јужен Гар се очекуваат силни врнежи во текот на денот, кои би можеле да надминат 120 милиметри. Метеоролозите предупредуваат дека земјиштето веќе е заситено со вода поради обилните врнежи во изминатите недели. Силни грмежи и пороен дожд вчера го погодија и Монпелје.

— реклама —

Портокаловото предупредување за Корзика треба да остане во сила до петок напладне, додека во областите Гар и Еро се очекува да биде укинато на полноќ во четврток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

До 700.000 демонстранти на улиците во Франција, најавени масовни протести и генерален штрајк

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryr12i88310jr62VbTyTH

Нов сајбер-напад во Европа: Хакери се обиделе да уништат крвна плазма во Франција

Свет | пред 18 часа

media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Во Франција дете умрело од глад, лекар ја предупредил мајката, но таа не го послушала

Македонија | пред 1 ден

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

(Видео) Бран незадоволство ја зафати Европа: Нападнати полицајци во Германија, солзавец и гумени куршуми во Швајцарија, стотици уапсени во Франција

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања