Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Невреме пустоши делови од Германија: Загина едно лице, прогласена оперативна вонредна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library2fv7a2vdub165dzy434

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во силното невреме што зафати големи делови од германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, поради што властите прогласија оперативна вонредна состојба.

Според полицијата, во градот Карлсруе, едно лице го загубило животот откако дрво, соборено од силната бура проследена со грмежи, паднало врз него. Полесни повреди од паднати гранки добиле и неколку возачи, како и едно дете.

— реклама —

Поради големиот број инциденти, градските власти прогласиле оперативна вонредна состојба, за сите интервенции да се координираат од еден центар.

Противпожарната служба соопшти дека во текот на четвртокот вечерта и ноќта примила повеќе од 250 повици за интервенција.

— реклама —

И во другите делови на покраината службите за итни случаи биле целосно ангажирани. Во Пфорцхајм, полицијата примила околу 30 повици, а биле извршени околу 70 интервенции, главно поради паднати покривни ќерамиди и поплавени подруми.

— реклама —

Во Безигхајм гром удрил во покрив на објект и предизвикал пожар, при што неколку лица се здобиле со полесни повреди.

Во округот Ремс-Мур, силниот ветер соборувал дрвја врз згради, а првичната проценка на материјалната штета изнесува околу 100.000 евра. Полицијата соопшти дека на тоа подрачје примила околу 50 повици за интервенција.

Надлежните продолжуваат да ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните на претпазливост поради можноста од нови временски непогоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 11 час

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 1 ден

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 1 ден

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања