„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Николов: Филипче да се обврзе да остане во јавното здравство 15 години откако ќе му заврши министерската функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
nikolov-igor

Здравствениот систем во Република Македонија, од ден во ден се повеќе станува приватен здравствен систем кој наместо кон пациентот единствено е ориентиран кон профитот. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.

— реклама —

RraOH-rwL7U
— реклама —

„Нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрување на здравствениот систем кои ги вети СДСМ, туку единствено гледаме зајакнување на приватните здравствени болници, и во исто време континуирани обиди за деградирање на јавното здравство.

Таква е и последната идеја на комерцијалистот Зоран Заев и на министерот за приватно здравство, Филипче, за префрлање на државната детска кардиохирургија во приватна клиника, потоа давање на концесија на трансплантацијата на органи во приватни болници најавено како вид на јавно-приватно партнерство. И згора на сето тоа замислете, тие објавија тендер за т.н. физибилити студија за да се утврди дали треба да се приватизира и Итната медицинска помош и Домашната посета?“, вели Николов.

Тој го повика министерот Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница. Ова министерот за здравство, заменик министер за здравство и докторите од неговиот кабинет им го должат на граѓаните на Македонија бидејќи денес, со се што прават како т.н. реформа во здравството, тие единствено си го поплочуваат сопствениот пат за да преминат во приватна болница веднаш штом ќе им заврши мандатот.

„СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се сведоци на недостаток на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.

СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%.

СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.

Министерот склучува договори во четири очи, работи на тендери и префлување на парите во приватните болници. Ништо друго и не го интересира.

Повеќе од очигледно е дека не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Ставајќи ги инвестициите во приватниот здравствен сектор и уништувајќи го јавното здравство тие единствено им штетат на граѓаните.

Апелираме, по сето ова што го прави министерот, да се обврзе откако ќе му заврши функцијата, да остане во јавното здравство минимум 15 години. Ако го направи тоа можеби времето ќе покаже дека имал и добра намера.

Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и половина. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.

Сите оние кои виделе мака од деградираното здравство од страна на СДСМ ги повикуваме да ни се придружат утре во Кочани и следната среда повторно во Скопје на протестен марш“, изјави Николов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања