Два часа по полноќ, во скопската населба Кисела Вода, запален е автомобилот на Ѓорѓи Галетановски-Чомбе, кој е претседател на градската организација на СДСМ во Скопје и ексдиректор на Зоолошка градина. Станува збор за возило „мерцедес“ кој бил паркиран пред зградата каде живее.
View this post on Instagram
„Се слушна силна експлозија. Не сум скаран со никој, ниту сум замерен. Сум немал никакви закани. Апелирам до министерството да го најде сторителот, не поради финансиски побуди, туку за сите кои останавме да живееме во Скопје да се чувствуваме сигурно“, вели Галетановски кусо во изјава за „Скопје1“.
Пожарот бил изгаснат од Противпожарната служба на Скопје, а увид извршиле полициски службеници.