Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нов напад со дронови врз нафтен терминал во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library14onjnbj2sc05m8865t

Нафтен терминал во рускиот град Туапсе рано утринава бил цел на нов напад со беспилотни летала, при што избувнал пожар, јавуваат медиуми. Ова е четврти ваков инцидент во последните две недели.

— реклама —

Според регионалните власти од Краснодарски крај, во гаснењето на огнот учествуваат 128 лица и 41 возило, а засега нема информации за повредени или загинати. Огнот зафатил дел од нафтената инфраструктура, а според неофицијални извештаи, најмалку два резервоара биле опожарени.

— реклама —

Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат густ црн чад кој се издига над областа, додека дел од градот останал без електрична енергија. Некои извори наведуваат и прекини во интернет-врските.

Украинската страна засега не го коментирала инцидентот, а информациите не се независно потврдени. Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата и проценка на евентуалните последици врз животната средина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 16 часа

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 22 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања