Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нов пожар избувна во близина на Атина, властите предупредуваат на опасност од токсични материи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Настани
media-librarypgsf7ssldla66EtLIU5

Нов пожар избувна денеска напладне во областа Аспропиргос, во близина на Атина, јавуваат грчките медиуми.

Според „Катимерини“, на терен се ангажирани 38 пожарникари со 14 противпожарни возила, кои се обидуваат да го локализираат огнот. Пожарот избувнал во близина на местото каде што претходно денеска гореше голем комерцијален објект.

— реклама —

Во претходниот голем пожар, кој избувнал во фабрика за резервни делови во Аспропиргос, повредени се 11 лица, од кои тројца се во тешка состојба и се интубирани, пренесува „Прототема“.

Шестмина повредени биле пренесени во болницата „Триасио“. Двајца од нив се во критична состојба, тројца имаат полесни повреди, а едно лице веќе е пуштено на домашно лекување.

— реклама —

Останатите пет лица биле згрижени во болница во Атика. Едно од нив е во тешка состојба и се очекува да биде префрлено на Одделот за изгореници, додека четворица пристигнале со респираторни проблеми, предизвикани од чадот.

Според првичните информации, пожарот избувнал под засега неразјаснети околности во фабрика за резервни делови. Во неговото гаснење учествуваат 75 пожарникари, 20 противпожарни возила и хеликоптери.

— реклама —

Грчките власти ги предупредија жителите да не се приближуваат до погоденото подрачје поради присуство на токсични материи во воздухот.

Пожарната служба соопшти дека во кругот на компанијата се наоѓа цистерна со пропан, што дополнително ја усложнува интервенцијата и го зголемува ризикот.

— реклама —

На местото е испратен и тим за истрага, кој треба да ги утврди причините за избувнувањето на пожарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 23 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања