„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Нова драма во Советот на Скопје: Караница за недадено обраќање, Славески најави казни, Јанчева го опоменуваше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-29-at-16.44.25

Пак нова драма во Советот на Град Скопје, овојпат на вонредната седница. Претседателот на Советот, Трајко Славески не сакаше да даде процедурално обраќање на координаторката на советниците од СДСМ, Љубица Јанчева. Тој директно ја стави одлуката на гласање. Советниците од СДСМ ја напуштија салата за да нема кворум, а Славески бараше од службите да бројат гласови па дури им посочи и дека ќе имаат одговорност ако тоа не го сторат. Истовремено, дел од советниците сметаа дека нема доволен кворум за да се усвои заклучокот со кој градоначалничката Данела Арасовска да достави измени на одлуката за тарифникот кој важи за приватните превозници. Славески сметаше дека не е деловнички да и даде обраќање на Јанчева, бидејќи било преминато на гласање.

— реклама —

— реклама —

„Износите во табелата во прилог, да ги зголеми за 30 денари, соодвенто, поврзано со цената на горивото. Втор став е оваа одлука да се применува до истекот на важноста на договорите кои приватните превозници ги имаат“, рече Славески.

Јанчева побара процедурално.

„Имаме право на процедурално“, рече Јанчева, а Славески врати: „Нема процедурално!“, па Јанчева побара пауза.

„Пауза пет минути, пауза! Кворумот ќе ви го срушиме, пауза“, рече Јанчева, а Славески и рече: „Напуштете“.

Советниците излегоа од салата.

„Претседателе надминете се! Ве молам надминете се“, рече Јанчева.

„Ве молам колку се за? Има кворум. Зошто не ми кажувате колку се 'за'?! Бројите затоа што ќе бидете повикани на одговорност“,  врати Славески.

Јанчева му рече: „Престанете да се заканувате на вработените, не можете да ги казните не сте им работодавач“.

Потоа, Славески побара советниците да бројат.

„Надминете се, сега не сте член на партија“, додаде Јанчева.

Славески врати: „Добро бе луѓе број некој? Што сте сите како здрвени?“.

По ова, претседателот без да каже колку советници биле „за“ а колку „против“, рече дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања