Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нова ескалација во Оманскиот Залив: Американски ракети погодија трет танкер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryv3vbf0hidp6b8on8vpJ
screenshot X

Американските сили соопштија дека онеспособиле уште еден танкер во Оманскиот Залив, откако, според тврдењата на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), го прекршил поморскиот режим на блокада кон Иран, обидувајќи се да превезува иранска нафта.

— реклама —

Станува збор за танкерот „М/Т Џалвир“, кој плови под знамето на Гвинеја Бисао. Според ЦЕНТКОМ, американски воен авион испукал две ракети „Хелфајр“ кон машинскиот простор на бродот, откако екипажот наводно повеќепати не ги почитувал наредбите на американските сили.

Од американската команда објавија и видеоснимка од нападот, наведувајќи дека ова е трет комерцијален брод онеспособен во текот на неделава.

— реклама —

Претходно, американските сили дејствуваа и против танкерите „М/Т Маривекс“ и „М/Т Сетебело“, кои, според Вашингтон, исто така ја прекршиле блокадата преку обиди за транспорт на иранска нафта или пловидба кон ирански пристаништа.

— реклама —

Според ЦЕНТКОМ, од почетокот на блокадата на 13 април досега биле онеспособени девет пловила кои не ги почитувале инструкциите на американските сили, 135 бродови биле пренасочени, а на 42 пловила што превезувале хуманитарна помош им бил дозволен премин.

Американската војска тврди дека мерките се применуваат подеднакво кон сите пловила што влегуваат или испловуваат од иранските пристаништа во Арапскиот и Оманскиот Залив, без оглед на нивното знаме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 17 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања