Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нова ноќ на руски напади врз Украина: загинати и десетици повредени во Запорожје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-30-at-12.14.15

Руските сили изведоа уште еден масовен ноќен напад со дронови и проектили врз Украина, при што експлозии беа забележани во повеќе региони, соопшти утрово украинското воено воздухопловство.

Според официјалните податоци, најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во нападите на југоистокот, во регионот Запорожје. Меѓу повредените има и тројца деца, информираше гувернерот Иван Федоров. Оштетени се 14 станбени блокови и повеќе од 40 куќи, а делови од градот останаа без електрична енергија и гас.

— реклама —

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека Русија нападнала со вкупно 537 дронови, 37 крстосувачки ракети и девет балистички проектили на различни локации низ земјата. Дел од нив биле пресретнати, но сериозни оштетувања се пријавени во регионот Днипропетровск, каде што избувнале пожари и била погодена инфраструктурата.

— реклама —

Експлозии се слушнале во близина на Черкаси, Чернихив, Днипро и главниот град Киев. Од украинската армија соопштија дека од руските аеродроми полетале шест стратешки бомбардера, кои подоцна испалиле неколку крстосувачки ракети кон украински цели.

Овие удари следуваат по претходниот масовен напад врз Киев оваа недела, кога загинаа најмалку 25 лица – еден од најсмртоносните напади од почетокот на војната пред повеќе од три и пол години.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за голема офанзива во источниот Донбас, особено околу Покровск, каде, според извештаите, се распоредени околу 100.000 војници. Тој нагласи дека Украина е подготвена и дека ситуацијата е под контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања