„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ВИДЕО Нова распределба на квотите на аптеките, Фондот за здравство најавува рамномерна прераспределба на лекови по аптеките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
lekovi-apteki

Фондот за здравство крати од големите и им дава повеќе пари на помалите аптеки. Од Нова година стапува на сила нова распределба на квотите за лекови на рецепт. Од Фондот уверуваат дека нема да има фаворизирање ниту недостиг на лекови уште во првите неколку денови од месецот.

— реклама —

Околу 500 аптеки од вкупно 778 со кои Фондот има склучено договор ќе добијат рамномерно зголемување на квотите од 20 000 денари месечно. Утврден е и максималниот износ на квота кој изнесува 650 000 денари по аптека.

— реклама —
lcb7vr7TYKY

“Сакаме да нагласиме дека сега со новата распределба сите аптеки добиваат фер услови за обезбедување на лекови на целата територијата на Република Македонија, што не беше случај претходно, бидејќи заради начинот на распределба на квотите во претходните години настанале и големи разлики во висината на износите на квотите на аптеките, а едно правно лице добивало и за 40 насто поголема месечна квота од просечната квота на сите останати аптеки во Република Македонија“, изјави директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

Неофицијално, ланецот на аптеки Зегин е правниот субјект на кој ќе му биде намалена сумата за лекови на рецепт. Овој ланец на аптеки, според ФЗОМ, досега располагал со приближно 20 проценти од буџетот за лекови на товар на Фондот.

Од ФЗОМ нагласуваат дека ќе има трансферирање на квотите, така што и големите ланци можат да си ги насочуваат квотите во тие аптеки каде што недостасуваат лекови.

Заедно со новата распределба на квотите во почетокот на 2019 година ФЗОМ ќе распредели допонителни 120 милиони денари( скоро 2 милиони евра) за лекови на рецепт. Со ова велат од таму, буџетот за лекови ќе се зголеми од 2 милијарди и 900 милиони денари на најмалку 3 милијарди и 20 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања