Промени тема
Контакт

(Видео) Нови детали за бруталната тепачка во Гостивар: Осомничени двајца малолетници и 20-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3ih5afr9g5o39pkRKjM
screenshot instagram

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расветлен случајот со насилниот инцидент во Гостивар, откако полициските службеници ги идентификувале лицата што учествувале во нападот.

Според МВР, на 2 август во 22:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои употребиле тврди и дрвени предмети.

— реклама —

По објавувањето на видеото од инцидентот на социјалните мрежи, полицијата презела низа мерки и активности, по што, во координација со јавен обвинител, биле идентификувани тројцата осомничени.

На службен разговор во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им биле одземени патните исправи. Третиот осомничен е В.Д. (20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, по брза постапка, осомничените со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

— реклама —
media-library3ih5afr9g5o39pkRKjM

(Видео) Брутална тепачка во Гостивар: Момче доби клоца во глава, а потоа беше тепано со дрвена прачка додека лежеше на земја

Вознемирувачка снимка што се шири на социјалните мрежи прикажува жестока пресметка меѓу поголема група млади лица на улица во Гостивар.На видеото се гледа како едно од момчињата добива силен удар со нога во главата, по што паѓа на асфалтот и останува да лежи без да се движи.И покрај тоа, нападот не запира. Според снимката, едно од присутните лица му приоѓа и продолжува да го удира со дрвена прачка, која се крши од силината на ударите.Во моментов не се познати причините за тепачката ниту каква е

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 седмица

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања