Промени тема
Контакт

(Видео) Калиопи го доби најуникатниот подарок по три концерти за еден месец!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Магазин
media-library13erapg036iicOYMwRl

Македонската поп-дива за помалку од еден месец трипати ја исполни салата на Филхармонијата до последно место.

— реклама —

На овие вечери, долги два и пол часа без пауза, ги изведе своите најголеми хитови, сподели позитивна енергија и раскажа моменти непознати за дел од публиката. Аплаузите не престануваа, а социјалните мрежи беа преплавени со пофални објави.

— реклама —

Вториот концерт доби посебна магија уште пред да започне. Мила и Анастасија – едни од најмладите фанови на Калиопи – ја пречекаа зад сцената и ја изненадија со рачно изработени патики од „РВР бренд“. На нив биле испишани стихови од „Црно и бело“, нацртан ликот на Калиопи и нејзина карикатурна верзија во стилот на серијата „Симпсонови“. Вакви персонализирани модели брендот досега има создадено за десетина балкански и светски имиња, меѓу кои и за Џејсон Деруло, а поп-дивата се вброи меѓу нив.

— реклама —
media-library6cf5gas3iold3wJMOgf

На концертот се развеа и македонското знаме, а Калиопи порача: „Знаете што, мои Македонци, браќа и сестри, благословени сме ние луѓе. Секаде нè сакаат, сега уште ние да научиме себеси да се сакаме повеќе.“

Од сцената го спомена и Ромео Грил, за кого рече дека „ја знаел најдобро“ и ги пишувал зборовите што таа сакала да ги каже, а не можела да ги напише. Го прозва и Васил Зафирчев, кој доби громогласен аплауз.

„Прагма продукција“ го најави и четвртиот концерт на Калиопи, закажан за 30 декември, кој е речиси целосно распродаден. Последните билети се достапни на kupikarta.com.

media-libraryvuos9dskfgi772Hx9vj

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfn1c7n1cgnck5dDGQDT

(Видео) Публиката ѝ го осветли небото, таа им ги испеа спомените – големата вечер на Калиопи

Сцена | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryaid7hh04lohg4lyBCuU

(Видео) Калиопи ја обои арената со храброста на хероите, ја натера да полета, па ја испрати со „Бато“: со публиката ги прослави јубилеите

Магазин | пред 3 часа

media-library95lf7sgackvjcF9lJrD

(Видео) Хитот на Калиопи „Oбои ме“ доби нов текст од Слаткаристика

Сцена | пред 2 седмици

media-libraryco28dve8t55f19duE1D

По пораката на Калиопи, се огласи директорот: „Т Арена“ не го замени името „Борис Трајковски“

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања