„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Видео) Ново сериозно свлечиште во Пелагонија – аларм за безбедноста на патната инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypeo3qip45e278ox8uF8

Големо свлечиште што се активираше вчера на регионалниот пат Новаци – Маково, кај депонијата Мегленци, целосно го пресече коловозот и го стави патниот правец надвор од функција. Од видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа како земјиштето пропаѓа, а асфалтот е буквално „проголтан“ од свлечиштето.

— реклама —

Според првичните информации, среќна околност е што во моментот на активирањето на свлечиштето на патот немало возила, со што е избегната можноста за човечки жртви или повредени.

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, во вчерашното обраќање до јавноста предупреди на сериозната опасност по безбедноста на овој регионален патен правец. Тој информираше дека веднаш по настанот на терен излегле екипи на РЕК Битола и на Јавното претпријатие за одржување на патишта, кои работат на итна санација на деформацијата и стабилизирање на теренот.

— реклама —

Настанот повторно ја отвора загриженоста за состојбата на земјиштето и инфраструктурата во поширокиот регион. Потсетување дека пред околу три недели беше регистрирана и колосална пукнатина во земјата во атарот на Липково, каде што беше утврдено активно свлечиште што претставуваше директна закана за локалното население. Тогаш жителите јавно побараа итна реакција од надлежните институции за запирање на ерозијата и спречување на евентуална катастрофа.

Надлежните служби најавуваат дека дополнителни информации за состојбата на патот Новаци – Маково и за понатамошните мерки ќе бидат соопштени откако ќе се направи целосна проценка на ризикот и стабилноста на теренот. До тогаш, апелот до граѓаните е да го избегнуваат овој патен правец и да користат алтернативни рути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykre5sco6lk6f3IbHGxr

Свлечиште ја затвори обиколницата околу Битола, сообраќајот пренасочен низ градот

Македонија | пред 5 часа

media-librarypeb4dt4bn6loarVW3bb

Поради врнежите од дожд свлечиште на патот кон Бањиче

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypbi7vdkhfmqr284iJ13

Вонредна состојба во Полошкиот регион: Поплави и свлечишта во Тетово и Желино

Македонија | пред 1 седмица

media-library7ot7iaa6avdcf4x3EPK

(Видео) Големо свлечиште во Сицилија: Евакуирани над 1.500 жители

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања