(ВИДЕО) Објавени видеа од новата „GTA 6“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

На YouTube и на други социјални мрежи се споделуваат над 90 различни видеа од гејмплејот на новата „GTA 6“ игрица.

— реклама —

Компанијата Take-Two потврди за The Verge дека протечените видео клипови од игрицата „GTA 6“ објавени на 18 септември се автентични и побара сите да бидат избришани од секаде.

— реклама —

Воедно, против сите оние кои неовластено ги поставиле видеата на своите канали, преку кои се споделени ширум интернетот, ќе добијат тужба или на некој друг начин ќе сносат одредени последици, рекоа од компанијата.

— реклама —

Протече над 3 гигабајти видео материјал, околу 90 клипови, кои се раширија низ YouTube и други социјални мрежи, а одговорните за ова протекување најавија дека наскоро ќе објават и „GTA 5“ и „GTA 6“ source кодови, test build-ови и многу додатен материјал. Ова протекување се поврзува со хакирањето на компанијата Uber од пред некоја недела, но за сега не е потврдена поврзаноста.

Протекувањето уште сега, изгледа, содржи дел од изворниот код на игрицата, што би можело да биде голем проблем за Rockstar. Протекувањето на изворниот код претставува безбедносен ризик па во компанијата го сфаќаат многу сериозно. Тоа е една од причините зошто „Half-Life 2“ беше одложен уште во раните 2000-ти, а неодамнешното хакирање на CD Projekt Red создаде огромно доцнење на закрпите и експанзијата за „Cyberpunk 2077“ по лансирањето. Можно е ова протекување да предизвика доцнење и на „Grand Theft Auto VI“.

Што се гледа на „GTA 6“ видео снимките?

Видео клиповите кои се достапни на интернет го прикажуваат точно она што и се очекуваше. Се гледаат двата главни лика во игрицата, се гледаат делови од Vice City, една снимка покажува подобрено механичко пукање, а друга подобрен систем на грабежи.

Голем дел од снимките имаат мени за отстранување на грешки во игрицата (јасно прикажани), а иако графиката изгледа подобрена во однос на „GTA V“, вреди да се напомене дека ова е пре-алфа верзија, така што сѐ уште не е испеглана до крај и дека тој дел допрва претстои. Многу аспекти на игрицата би можеле да се променат од овој момент па сѐ до лансирањето.

YouTube, Twitter, Reddit и Discord се преплавени со клипови од „GTA 6“ кои ги потврдуваат информациите објавени претходно дека игрицата прв пат во историјата ќе има и женски лик со кој ќе може да се игра и кој ќе биде рамноправен со машките протагонисти.

Видеото со Vice City Metro и други потврдуваат и дека претходно објавените гласини дека „GTA 6“ ќе се одвива во виртуелна реплика на градот Мајами, тоест во град кој многу потсетува на Мајами. Видео материјалот открива и дека игрицата е тестирана на PlayStation конзоли, но и на PC конфигурации со RTX 3060 Ti и RTX 3080 графики, тоест на „машини не постари од две години“.

Моментално Take-Two и Rockstar се занимаваат со отстранување на видеата и гонење на оние кои ги споделија истите, па кај многумина такви сега се појавува пораката „This video is no longer available due to a copyright claim by Take 2 Interactive“. Таа задача ќе биде доста тешка, но се очекува сите видеа сепак да бидат тргнати.

Игрицата „GTA 6“, ако им се верува на гласините од претходно, далеку е од излегување барем две години и би требало да се појави или на крајот од 2024 или во текот на 2025 година.

K7UnRwfK8sQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

16754513896363905523811954433334_wide

(ВИДЕО) Дали цел живот погрешно играме Super Mario Bros

Магазин | пред 3 години

669883913632b020f04ad1080853195_wide

2K Games потврди дека е хакиран, играчите предупредени

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-07-26-091232

(ВИДЕО) Јувентус се враќа на ФИФА 23

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-07-09-092925

(ВИДЕО) Терминатор се враќа, овој пат во игра

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања