(ВИДЕО) Очевидци: Стојкоски од Ѓорче е докторот за кој повредениот Леонид вели дека се обидел да и помогне на загинатата Викторија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
imageedit_4_3623195006

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бил докторот за кој повреденото момче Леонид Даов кажува дека прв истрчал да и помогне на загинатата млада девојка Викторија, сведочат очевидци на социјалните мрежи. Според тие кои се затекнале кај раскрсницата на Партизанска, близу „Сити мол“, а споделија информации за трагедијата, Стојкоски случајно се затекнал таму и истрчал на помош во моментот кога се случила несреќата, се обидел да и даде прва помош на Викторија, но единствено што можел да констатира е дека таа починала на лице место, како што сведочеше и повредениот Леонид.

— реклама —

„Дотрча од страна. Веднаш се обиде да помогне, да даде прва помош, но беше предоцна бидејќи девојката беше мртва“, пишува во коментарите на социјалните мрежи, каде граѓани сведочат за трагедијата.

— реклама —

Во интервјуто кое момчето го даде за „Код“, момчето посочи: „Еден од сведоците беше доктор притрча и ѝ мереше пулс. Уверен сум дека не сакаше да ми каже за најлошото. Луѓе кои беа сведоци на настанот ме тргнаа од Викторија.

— реклама —

2JsiCcMH4NI
?t=305

Потврда за оваа информација не добивме. Стојкоски не одговори на повиците од нашата редакција. Инаку, тој е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар.Истовремено, сведоци на ужасната трагедија велат дека докторот, но и неколку други лица, за цело време по несреќата бил и со повредениот Леонид, го тргнале настрана и се обиделе да го смират. На помош дошла и Брзата помош, која го земала за да му се направат сите испитувања.

За потсетување, во оваа трагична сообраќајна несреќа, животот го загуби 24-годишната Викторија од Радовиш. Постоел обид да и се помогне од докторот, но безуспешен. Нејзиното момче, Леонид Даов, беше повреден и со страшни трауми. Многу очевидци споделија информации за страшната трагедија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања