„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Очи во очи седнаа семејството на исчезнатиот внук на Бошковски и обвинетите: Обвинителството уверено дека докажало грабнување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
viber_image_2024-04-02_11-42-54-380

Обвинетите за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски - негираат било каква вина. Истовремено, Обвинителството е уверено дека тие треба да бидат осудени оти првообвинетиот Виктор Милановски го земал со автомобилот кој претходно му го дал второобвинетиот Сашо Челилиќ (н.з.) на користење.

— реклама —

„Обвинителството ги презентираше и извештајот и материалните и вербалните докази против обвинетите за стореното кривично дело. Со секоја поминута минута Јавното обвинителство уште од самиот почеток па се до денес, со секој изведен доказ се повеќе ја заврстуваше својата теорија на случајот презентирана во воведните зборови“, рече обвинителот Дејан Петрески.

— реклама —

Тој образложуваше што има во доказите.

„Виктор Милановски во критичното време е забележан од камерите на угостителскиот објект Баба Цана, како остварува телефонски повик, а тоа е регистрирано. Видео записот од извршената реконструкција јасно се прикажува односно во целост се потврдува средбата на оштетениот со обвинетиот кај хотел 'Најс'. Качувањето во автомобилот, движењето на автомобилот, па се додека му се губи трага“, додаде обвинителот.

Семејството на обвинетиот Милановски веќе излезе во јавност со став дека тој е невин. Посочија дека тие биле другари и дека сакаат и самите да дознаат - каде е Самоил.

“Повеќе од една година поминуваме под стрес, закани и притисоци. Поради сите овие причини решивме да се огласиме во врска со случајот со изчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, случај во кој обвинет е Виктор Миланоски мојот брат. Првообвинетиот е другар на Самоил и знаел дека самиот Самоил бил вклучен во нечесни игри. Второобвинетиот воопшто не го ни познавал Самоил. Но најважното прашање е кои се двајцата обвинети и дали се вистинските луѓе, како и дали воопшто имаат некаква поврзаност со овој случај?“, кажаа тие во соопштението до јавноста.

На судењето се присутни семејствата - како на обвинетите, така и на исчезнатиот.

samoil-kostadinovski

Семејството на обвинетиот за исчезнувањето на внукот на Бошкоски: Тврдиме дека ова е хајка и дека судството и обвинителството имаат огромен политички притисок

Семејството на обвинетиот Виктор Миланоски, кој се гони за исчезнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, испрати писмо до јавноста:“Повеќе од една година поминуваме под стрес, закани и притисоци. Поради сите овие причини решивме да се огласиме во врска со случајот со изчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, случај во кој обвинет е Виктор Миланоски мојот брат.Првообвинетиот е другар на Самоил и знаел дека самиот Самоил бил вклучен во нечесни игри. Второобвинетиот воопшто не го ни познавал Самоил. Но најважното прашање е кои се двајцата обвинети и дали се вистинските луѓе, како и дали воопшто имаат некаква поврзаност со овој случај?Тврдиме дека ова е хајка против обвинетите и дека судството и обвинителството имаат огромен политички притисок за тие да бидат осудени по секоја цена. Велат дека молчењето е залто, но можно ли е да се остане нем и глув на сите клевети? Обвинети се на база на приказни смислени од локални мафии без никакви докази!Тврдиме дека едноставно првообвинетиот се нашол во погрешно време и на погрешно место, со тоа што тој е последниот со кој Самоил бил виден и со кој се посочува дека бил во контакт пред да исчезне, ако воопшто е исчезнат?! Отворено е и прашањето дали можеби се крие некаде поради нерасчистени долгови за наркотични средства?!Второобвинетиот изјави дека тој само му дал кола на користење на првообвинетиот, како и во многу други наврати, бидејќи е во бизнис со препродажба на автомобили и дека не гледа ништо лошо во тоа да позајмиш кола на другар, но Обвинителството поради тоа го става како соучесник во ова дело. И покрај доказите кои се обезбедени како видео материјал дека второобвинетиот во критичното време бил во Соборен храм, на литургија, тој остана во притвор цели четири месеци, а во цело тоа време, јавниот обвинител со закани сакаше да извлече признание за дело што не го направил. Ако неправдата стане закон, отпорот е наша морална должност.Бараме фер судење, без притисоци и ослободителна пресуда – бидејќи лицата се невини, не вмешани во ништо, а осудителна пресуда под политички притисоци не е правда!”.

Македонија | пред 1 година

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица, за грабнување и помагање при грабнување на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Првообвинетиот на 3 март годинава, заедно со лицето, кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат.

„Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми“, соопшти Обвинителството на 8 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

samoil-kostadinovski

(Видео) Каде е внукот на Љубе Бошкоски, кој се уште се води за исчезнат? Одговара обвинетиот за негово грабнување

Македонија | пред 1 година

Screenshot_862-696x435-1

Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања