„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Од 2023 година до сега, предметот за „Бехтел и Енка“ уште во предистрага, обвинителката покажа со прст кон МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
behtel-i-enka

Предистражната постапка за договорите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10Д и ангажманот на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ сè уште трае, а предметот од Обвинителството се работи во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„Предметот е во предистрага, долго трае затоа што започна од Обвинителството, ама откако истражителите заминаа во МВР, продолжи постапката таму. Целокупната постапка и сите дејствија ги преземаат истражителите од МВР. Тие можат да ви дадат детални одговори“, изјави обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Предметот беше отворен уште во март 2023 година, откако опозициските партии и неколку медиуми објавија серија документи и сомнежи за корупција поврзана со изборот на надзорниот конзорциум.

Во фокусот на истрагата се три фирми избрани да вршат надзор над работата на „Бехтел и Енка“ – за вкупен износ од над 22 милиони евра.

Една од нив е „Електра Солушнс“, компанија која според јавно достапни податоци претходно се занимавала со шиење долна облека, а потоа преминала на информатика и градежништво. Лиценцата за надзор ја добила во текот на самата тендерска постапка, иако немала никакво релевантно искуство во областа.

„Евро консалтинг“, друга членка на конзорциумот, се доведува во врска со Бранислав Димитријевиќ – лице гонето со меѓународна потерница и уапсено во Хрватска во 2021 година. Тој се споменува и како поврзан со компанијата „Ептиса“, која одлука на Владата ѝ забрани учество во проекти поради сомнежи за незаконски и неетички дејства.

И покрај обвинувањата, тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта тврдеше дека изборот бил чист, со објаснување дека не се проверувале акционерите на фирмите.

Покрај Обвинителството, предмет отвори и Антикорупциската комисија, но јавноста сè уште чека одговори – дали и кој ќе одговара за спорниот надзор во најскапиот инфраструктурен проект во поновата историја на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања