Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Од фабриката „Oхис“ излегоа 20 возила: Запленети 9 тони марихуана на првата локација поврзана со „Алфафарм“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library508s3j11gks478jHwC6

Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана.

Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата учествуваа и возила на Царинска управа. Засиленото присуство и логистиката укажуваат на обемот и сериозноста на операцијата.

— реклама —
— реклама —

Втората локација од која се одземаат дополнителни околу 18 тони марихуана, според изворите на „Скопје1“, се наоѓа во струмичкиот регион. Со тоа, вкупната количина на запленета дрога во оваа координирана акција достигнува околу 27 тони, што претставува една од најголемите конфискации забележани досега.

Од Министерство за внатрешни работи и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција засега не соопштуваат официјални детали, со образложение дека претресите и проверките сè уште се во тек.

— реклама —

Акцијата доаѓа откако пред четири дена во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин во село во близина на Крушевац.

— реклама —

Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата располага со акционерски капитал од околу 529 илјади евра и има повеќе косопственици. Посебно внимание привлекува фактот што се евидентирани измени во сопственичката структура само неколку дена пред во Србија да бидат откриени и запленети петте тони марихуана.

Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две сè уште се недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Малолетник нападнат со тврд предмет од мајка му и сестра му по расправија во Гостивар

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarynapt8j231qpaajPx8ml

Му го предал „голфот“, но парите не ги добил: Тетовец измамен за 6.000 евра при продажба на автомобил

Македонија | пред 1 час

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Претрес во дом во Гостивар, пронајдени марихуана и дигитална вага

Македонија | пред 1 час

media-library463h009vuv8e5xiGTOu

Четворица приведени по фудбалски натпревар во Скопје, кај еден од нив пронајдена марихуана

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања