Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ослободувањето од комуналии за младите парови е дел од изборната програма, а не иницијатива што ја прифатил од друг, тврди Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Скопје
media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

На дваесет и првата седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја образложи мерката за ослободување на младите брачни парови од комуналии при изградба на сопствен дом, нагласувајќи дека таа е дел од неговата изборна програма, а не иницијатива што ја прифатил од друг, како што било претставено во одредени информации.

— реклама —

Ѓорѓиевски потсети дека ваква практика првпат ја вовел во Општина Кисела Вода, каде што младите брачни парови добивале 40 отсто ослободување од надоместокот за уредување на градежното земјиште.

Тој посочи дека проширувањето на оваа поддршка на ниво на Град Скопје е предвидено на 29. страница од неговата програма, под името „Адреса за заеднички дом“. Со мерката се опфатени брачни парови до 40 години кои немаат друг имот, а предвидено е Градот да ги ослободи од 60 отсто од комуналиите при изградба на објект за домување.

— реклама —

Доколку и општината на чие подрачје се гради објектот се согласи да учествува, ослободувањето ќе изнесува дополнителни 40 отсто, односно вкупно 100 отсто.

— реклама —

Градоначалникот оцени дека мерката е инвестиција во демографската обнова, родовата еднаквост и подостапното домување за младите во Скопје. Тој ги повика советниците да го поддржат предлогот, нагласувајќи дека неговото спроведување е усогласено со буџетските проекции и финансиските можности на Градот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88jij9riduei9NmMYXo

(Видео) Скопје започна акција за садење 3.500 садници, до крајот на сезоната планирани 6.000, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-librarys2ota2db27739nWMHFP

Ѓорѓиевски: Почна поделбата на бесплатни униформи за сите ученици од прва година

Скопје | пред 2 дена

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар

Скопје | пред 4 дена

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања