Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената во Капиштец сам се фалел со дивеење зад воланот на социјалните мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Настани
media-libraryih61co04lqj148G9swE

Саит Саити, осомничен дека ја усмртил 79-годишната Љуба Јаковлеска во сообраќајната несреќа во скопската населба Капиштец, на социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и опасно возење, вклучително и со автомобил „фолксваген пасат“, какв што, според МВРуправувал и на денот на трагедијата.

— реклама —

Иако немал возачка дозвола, на неговиот Инстаграм-профил можат да се најдат објави и „сториња“ на кои се гледа како управува возило низ градска средина. Уште поалармантна е објава од 2024 година, кога Саити имал само 17 години, на која е прикажано возење по автопат со брзина од околу 180 километри на час, а на видеото се гледаат само раце и таблата за брзина. Овие снимки оставаат впечаток дека за осомничениот управувањето автомобил без возачка дозвола и со прекумерна брзина не било изолиран инцидент.

— реклама —

Трагичниот настан во Капиштец се случи кога Саити, управувајќи возило без дозвола и со неприспособена брзина, удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која од здобиените повреди подоцна почина. По несреќата, осомничениот не ѝ укажал помош на повредената, туку го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи по него распиша централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истрагата утврди дека по несреќата тој со помош на други лица ја напуштил државата, по што беа приведени и осомничени лица за помагање.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за младо лице без возачка дозвола, кое, според достапните докази од социјалните мрежи, подолг период демонстрирало опасно и неодговорно однесување во сообраќајот.

— реклама —
media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец.Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. По него се трага по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кри

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn8fcvf7jj8fa9Hffn3H

Во сообраќајна несреќа кај Варшава загина докторката Емилија Котевска Аврамчева, жената која помогна пациенти од Кочани да се лекуваат во Полска

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryc245kffbmg3ceXKR1sx

(Фото) Камионот смачкан: страшна сообраќајка утрово на скопска обиколница

Македонија | пред 1 седмица

motor

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryvsron908fn3g6PirW26

(Фото) Автомобил удрил во мотоциклист: трета ваква сообраќајка за помалку од 24 часа

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања