Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Оштетени руски платформи и терминали во нова украинска операција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library7kn5cts8vu3rc17xkCd

Украинските сили во ноќта меѓу четвртокот и петокот извршиле напад врз две руски нафтени платформи во Каспиското Море, кои се користат за снабдување на руската армија со гориво, јавуваат медиумите повикувајќи се на украински извори.

— реклама —

Според портпаролот на Украинската доброволечка армија, Сергиј Брачук, погодени се стационарните ледоотпорни платформи LSP-1 и LSP-2, сместени на нафтените полиња „Јуриј Корчагин“ и „В. Грајфер“ во северниот дел на Каспиското Море.

— реклама —

Украинските претставници наведуваат дека овие објекти имаат клучна улога во снабдувањето на руските сили со гориво и дека нападите се дел од поширока кампања насочена кон руската енергетска инфраструктура.

— реклама —

Ова е последен во серијата напади врз руски енергетски капацитети на Балтичкото, Црното и Каспиското Море, а според проценките, ваквите удари значително влијаеле врз приходите од нафта на Русија.

Покрај тоа, украински дронови погодиле и нафтен терминал во окупираниот град Феодосија, при што биле оштетени објекти за складирање гориво.

Украинските разузнавачки служби соопштија и за уништување на последниот руски железнички траект во Керчкиот теснец, како и за оштетување на радарска станица од системот С-400 на Крим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 3 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 4 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања