Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Осум експлозии во Русија – прекинати летови, загинато едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-10-at-10.07.22

Едно лице загина, а неколку станови и индустриски објекти беа оштетени во украински напад со дрон врз јужноруската Саратовска област, соопшти гувернерот Роман Бусаргин.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над она што изгледа како индустриска зона. Според украински медиуми, меѓу кои и РБК-Украина, во пожар е зафатена нафтена рафинерија во градот Саратов, административен центар на регионот.

— реклама —

„Неколку жители добија лекарска помош, едно лице беше хоспитализирано, а за жал едно лице почина“, изјави Бусаргин, додавајќи дека дел од жителите биле евакуирани откако остатоци од соборен дрон оштетиле три стана.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта уништиле 121 украински дрон, од кои осум над Саратовската област. Не е прецизирано за каков индустриски објект станува збор, но извори за Ројтерс потсетуваат дека рафинеријата на „Росњефт“ во Саратов претходно годинава била принудена да прекине со работа поради напади со дронови.

— реклама —

Локалниот Телеграм канал SHOT објави дека биле чуени осум експлозии над Саратов и Енгелс – градови разделени од реката Волга.

— реклама —

Руската воздухопловна управа „Росавијација“ соопшти дека летовите во и од Саратов биле прекинати околу два часот по полноќ поради загрозена безбедност на воздушниот сообраќај.

И Москва и Киев тврдат дека не таргетираат цивили. Украина наведува дека нападите во Русија се насочени кон енергетска и воена инфраструктура, како одговор на руските напади од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 17 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 1 ден

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања