Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Видео) Отруени кучиња во близина на училиште во Кичево, граѓаните згрозени: Паѓаа пред нас, имаа пена на устата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryv2jast3rci54ba5k0OO

Кичево е во шок по грозоморен настан што се случи вчера утрото, кога во непосредна близина на едно основно училиште биле пронајдени отруени десетина улични кучиња.

— реклама —

Очевидци раскажуваат дека сцената била морничава – мртви кучиња имало на патот и во дворот на училиштето. „Невиден хорор, умрени кучиња насекаде. Паѓаа пред нас, со бела пена на устата. Среќа што децата не беа на училиште. Некој намерно одбрал неработен ден, за да нема гужва. Ова е страшно и не смее да се повтори,“ изјави еден од жителите кој прв ја забележал случката.

— реклама —

Граѓаните се згрозени и бараат итна реакција од надлежните институции. Велат дека иако со години се соочуваат со опасности од уличните кучиња, ваков чин на насилство е неоправдан и нечовечен.

— реклама —

Вработените од Комуналното претпријатие биле повикани попладнето, околу 17 часот, за да ги отстранат телата на животните, откако на социјалните мрежи се појавиле снимки од местото на настанот. Бидејќи денот бил неработен, претпријатието не работело во утринските часови.

Проблемот со уличните кучиња во Кичево е долгогодишен и растечки. Минатата година Комуналната редарска служба изброила околу 500 кучиња скитници на територијата на Општината.

Општина Кичево годишно издвојува околу 20.000 евра од буџетот за третман и контрола на бројот на бездомни животни – преку стерилизација, вакцинација и нивно враќање на местото од каде што биле заловени.

Според граѓаните, единствено трајно решение за проблемот со уличните кучиња е изградба на стационар за нивно згрижување. Тие апелираат сторителот на овој грозоморен чин што поскоро да биде откриен и казнет, а надлежните институции да преземат мерки ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

Македонија | пред 4 дена

media-libraryms1oiedj0j4mdX7D9Lc

Јовановски повикува граѓаните да ги пријават штетите од поплавите во Кичево

Македонија | пред 5 дена

media-libraryu4q9kdoalc6i6U5RLst

АРМ обезбеди мобилна бања за лицата погодени од поплавите во Кичево

Македонија | пред 5 дена

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

Поплавите во Кичево постепено се стабилизираат, ЈП „Комуналец“ работат на расчистување на коритото на Зајашка Река

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања