Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Охрид блеска во боите на ретките болести, приклучете се со осветлување на објекти за подигнување на свеста и квалитетна здравствена заштита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
325872337_1671733753229765_5916172923149353414_n

Веќе сме на средината на месецот на ретките болести,Многу обоени дланки,цртежи за поддршка и спортски активности само за четиринаесет дена активизам. Самоиловата тврдина, Охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, сите основни училишта, локални и национални згради и спомениции во центарот на градот блеснаа во боите на ретките болести по повод февруари како месец на ретките болести, вели Гордана Лолеска претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“

Претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска потенцираше дека ова се само дел од локациите што блеснаа во знакот на поддршка на ретките, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која оваа година го има своето петто издание по ред.

„Оваа година за Денот на ретките болести 28 февруари ги повикуваме сите и помогнат на заедницата за ретките болести, да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година, така и оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици“, вели Лолеска.

Таа истакнува дека овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.

— реклама —

„Ве повикуваме да ни се приклучите, осветлете некој објект и дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и сличнп. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици го зајакнуваат меѓународното влијание, обојте ги вашите дланки и дајте им ја својата поддршка на 300 000 000 пациенти со ретки болести низ целиот свет” порачува Лолеска.

— реклама —

Во месец февруари почна стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ посветена на здравствените работници кои овие изминати пет години дадоа огромен придонес на националната кампања да биде и повеќе од успешна.

И оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести преку нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања