(ВИДЕО) Охрид се спаси, но само на неколку месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
05072019_Sednica_Komitet_svetsko_nasledstvo

На 43-тата седница Комитетот за светско наследство одлучи природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство ги прифати аргументите на Владата на Република Северна Македонија и го препозна и поздрави прогресот кој е направен изминативе две години.

— реклама —

За време на дебатата за Охридскиот регион, земјите членки на Комитетот изразија широка поддршка за напорите на Владата за зачувување на интегритетот и автенчиноста на светското наследсво во Охридскиот регион.

— реклама —

Како позитивни реформи, Комитетот посебно ги истакна активностите на Владата како укинување на плановите за ски центар и експресен пат во Галичица, проектите за колекторскиот систем и пренасочувањето на Реката Сатеска, како и носењето на новиот Закон за управување. Комитетот ја нотира и поздрави одлуката на Владата од 11 јуни за спроведување на останатите препораки на УНЕСКО.

— реклама —

Согласно одлуката, Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 треба да достави извештај за напредокот во остварувањето на останатите препораки на УНЕСКО. Врз основа на тој извештај се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020.

Дополнително, на седницата на Комитетот се донесе одлука да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија. Северна Македонија ја поддржа и поздрави оваа одлука, и блиску ќе соработува со Албанија во заедедничкото управување и одржување на светското наследство.

1_Y7atZglbM

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања