Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Пациентите во Тетово се молат за трошка воздух, а цивили се шетаат без маски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_56674000

Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и без никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други, пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери, пренесува Дојче веле.

Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата која изминативе недели ги живее најдраматични денови од почетокот на пандемијата. Напливот на пациенти е огромен, а билтените секојдневно информираат за нови починати. Арбнора Мемети, репортерката на Дојче Веле, во болницата затекна и сними драматична состојба и хаотични сцени.

— реклама —
— реклама —

Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Во истовреме, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37 отсто опфат на лица над 18 години.

— реклама —

Погледнете ја состојбата во болницата во Тетово на следниот ЛИНК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања