Промени тема
Контакт

(Видео) „Паднаа“ 11 лица: Ковачевски, Капушевски, Јахоски добија кривичнa - најдени пиштоли, муниција, телефони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kapusevski-kovacevski-jahoski

„На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно е со мерка притвор. До сега, од извршените претреси пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефонски апарати, околу 1500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила“, велат од МВР и додаваат:

— реклама —

Од страна на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против 13 физички и едно правно лице и тоа: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје.

— реклама —

МВР по насоки на надлежниот јавен обвинител ќе продолжи со преземање на понатамошни полициски активности и дејствија со цел обезбедување на други докази поврзани и со други кривични дела.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0it64005bv9c5Mu8fLE

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор

Скопје | пред 14 часа

media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар

Македонија | пред 15 часа

Нема фотографија

Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања