Промени тема
Контакт

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarye2fb4i4vntriaE76Fe5

Автомобил марка „Фолксваген Широко“ беше запален ноќеска во скопската населба Маџари, на околу еден час пред полноќ, дознава „Скопје1“.

Според информации до кои дојде редакцијата, станува збор за намерно предизвикан пожар. Сторителот пеш се движел кон локацијата каде што било паркирано возилото, а претходно носел фантомка на главата. Непосредно пред да стигне до местото, ја извадил маската и поминал покрај повеќе објекти опремени со видеонадзор.

— реклама —

Автомобилот бил запален во близина на поранешната зграда на А1 телевизија.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а пожарот не се проширил на околните објекти. Сепак, станува збор за густо населено подрачје, а во непосредна близина на возилото имало и електрична бандера, што дополнително го зголемило ризикот од поголема материјална штета.

— реклама —

Пожарот прв го забележало дете, кое за среќа не било повредено. Настанот предизвикал вознемиреност и стрес кај жителите од околните куќи.

— реклама —

Случајот е пријавен во полиција, која извршила увид на местото. Во тек е истрага за откривање на сторителот, но и на евентуалниот нарачател на палењето.

Ова не е изолиран случај. Во изминатите години во Скопје зачестија палењата автомобили. Мета на вакви напади биле не само граѓани, туку и полициски службеници, инспектори и директори на затворски установи, поранешни функционери.

Засега нема официјални информации за мотивите во конкретниот случај, а истрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања