Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „‘Памперс мафијата’ на електрични тротинети“: Граѓанин бара полицијата да ги одзема возилата по инцидентот во тетовското училиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
2-1-2

Оштетувањето на рампата на влезот во ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ во Тетово, за кое училиштето објави видео на социјалните мрежи, предизвика реакции кај граѓаните. На снимката се гледа како помладо момче со електричен тротинет поминува покрај рампата и ја оштетува.

— реклама —

Особено внимание привлече коментар објавен во фејсбук-групата „Го љубим Тетоо“, во кој граѓанин побара полицијата конечно да почне доследно да ги спроведува законските одредби за управување со електрични тротинети од страна на малолетници.

„Пак ‘памперс мафијата’ на електрични тротинети“, напиша тој, предлагајќи како прв чекор полицијата да преземе решителна акција и да почне да ги одзема тротинетите на оние што ги прекршуваат прописите.

— реклама —

Во коментарот граѓанинот изрази незадоволство од, како што наведува, толерирањето на малолетници кои управуваат со електрични тротинети спротивно на законските ограничувања. Тој смета дека ваквото однесување станува сè почесто и дека непостапувањето на надлежните испраќа порака дека правилата може да се прекршуваат без последици.

— реклама —

„Не се чудете после зошто ви немаат страв. Време е да почне спроведување и на тој закон“, порача граѓанинот, повикувајќи на поголема контрола и одговорност.

Од училиштето, пак, информираат дека рампата е оштетена по третпат во рок од еден месец. Случајот е пријавен до надлежните органи, а од раководството го осудија повтореното уништување на училишниот имот и апелираа за почитување на заедничката сопственост.

— реклама —
media-librarym2bgokqpnm8leZbesBZ
media-libraryp2j390mlgjct3VZUKVN

(Видео) Момче на електричен тротинет ја закачило и оштетило рампата на влезот во тетовско училиште

ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како помладо момче со електричен тротинет поминува покрај рампата на влезот во училиштето и ја оштетува.Од училиштето информираат дека ова е третпат во рок од еден месец рампата да биде оштетена, поради што сметаат дека станува збор за намерно и повторено уништување на државен имот.Случајот е пријавен до надлежните органи, а од раководството најостро го осудија ваквото однесување. Особено загрижувачки, како што п

Македонија | пред 2 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryudtu0c3smi1s6nzS92L

(Видео) Еден тротинет, двајца патници и возење среде улица

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-librarya8fke4vnhjdt4D8UzuX

(Видео) Со електричен тротинет на улица како да е автомобил, па врти преку две полни линии и влегува во спротивна насока

Скопје | пред 1 седмица

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Охриѓанец се превртел со тротинет, имал 2,12 промили алкохол во крвта

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања