Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Патник се обиде да ја отвори вратата од авионот при лет над Индискиот Океан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-04-01-at-09.55.23

Авион со повеќе од 200 патници, кој летал од Бали, Индонезија, до Мелбурн, Австралија, бил принуден да се врати назад откако патничка се обидела насилно да ја отвори вратата додека авионот бил над Индискиот Океан, соопшти нискобуџетната авиокомпанија Џетстар.

— реклама —

„Нашиот авион се врати во Денпасар (аеродром во Бали) минатата ноќ откако патник предизвика вознемиреност со обидот да ја отвори вратата на авионот, навредувајќи го и попречувајќи го нашиот персонал“, се вели во соопштението на компанијата за инцидентот, кој се случи во понеделникот вечерта, на 31 март. Патникот беше превземен од локалните власти на Бали по слетувањето, додаде Џетстар.

— реклама —

Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, жена која седела во задниот дел на авионот успеала да ја подигне рачката на вратата, но потоа бил активиран безбедносен сигнал кој ја алармирал екипажот, по што капетанот дошол на системот за јавно обраќање и ги предупредил патниците. Податоците од порталот за следење летови Flightradar24 покажуваат дека авионот се свртел еден час по полетувањето, додека се уште бил над Индискиот Океан.

Џетстар не го прецизираше точниот број на патници и членови на екипажот на летот од Бали до Мелбурн. „Безбедноста и благосостојбата на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш главен приоритет. Им благодариме на сите за нивниот смирен и брз одговор“, велат од компанијата. „Во никој случај нема да го толерираме ова неприфатливо однесување на нашите летови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања