Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пеколна ноќ во Украина: Одеса во пламен по напад со над 100 дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarybp4sa6eia58q4mXittx

Масовен руски напад со дронови ја погоди енергетската инфраструктура во јужна Украина, оставајќи десетици илјади граѓани без електрична енергија.

Според украинското воено воздухопловство, руските сили во текот на ноќта меѓу среда и четврток испукале 112 дронови тип „Шахед“, од кои украинската противвоздушна одбрана обори 87, но 22 сепак ја погодиле целта на 12 различни локации, пренесува The Kyiv Independent. Во нападите загинале најмалку пет цивили, а 19 се повредени.

— реклама —
— реклама —

Страшни снимки доаѓаат од погодените области, каде што по нападите врз пристаништето и енергетските постројки избувнале пожари и се пријавени повеќе повредени.

Пожари избувнаа во две куќи, во административна зграда и на бензинска пумпа. Во пристаништето се запалија резервоари со растително масло и дрвени пелети, изјави гувернерот на регионот, Олег Кипер.

— реклама —

Без електрична енергија останале околу 30.000 жители, а градот Чорноморск бил меѓу најтешко погодените. Таму се пријавени големи оштетувања на куќи и инфраструктура, а речиси целиот град останал без струја.

Нападот е дел од нов бран руски удари врз украинската енергетска мрежа. Последните денови била погодена и централа во Нижинскиот округ, како и објект во градот Прилуки, каде што нема жртви, но над 61.000 лица останале без електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања