Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Пендаровски: Полето за културен натпревар се стеснува и од време на време станува арена во која важи синтагмата дека човек на човека му е волк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-3

„Денес одбележуваме еден навистина значен јубилеј - 150 години од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење – Ѓорѓи Николов Делчев, меѓу народот познат како Гоце Делчев. Изложбата поставена од Државниот Архив на Република Северна Македонија, во која се опфатени оригинални документи, писма и фотографии, како и написи од весници и други архивски материјали поврзани со неговиот живот и револуционерната активност, несомнено е централниот настан во одбележувањето на овој јубилеј. Особено е важно што на изложбата се презентирани материјали на Државниот архив кои нашата јавност може да ги види за прв пат“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Тој додаде:

Ова е бездруго ретка можност да се направи пресек на архивскиот материјал за Делчев собиран низ годините, но и да се поттикне научниот интерес за понатамошно истражување, особено во архивите на Република Турција, како и во дел од соседните држави. Познато е дека за Гоце Делчев како една од нашите најзначајни историски личности постои прилично обемен научно–историски и книжевен опус. Во еден дел станува збор за естетизиран, белетристички пристап со присутен романтичарски патос, а забележливо е и честото споменување на неговото име во нашето фолклорно творештво.

— реклама —

Сепак, неговиот лик и дело заслужуваат и нови истражувања, нови студии и научни собири и преведување на новите наоди на светските јазици. Се разбира, при тоа е битно историската наука да се држи понастрана од дневната политика, да го задржи објективниот пристап, ослободен од стегите на зададените идеолошки и национални наративи. Во овој контекст, она што како граѓа е досега собрано во нашиот архив има непроценлива вредност. Затоа, Државниот архив, со право го сметаме за чувар на меморијата за нашето минато, историја и култура.

Освен во историските читанки и во нашата литература, Делчев е присутен и во музичката уметност, во сликарството, во радио драмите, во телевизиските филмски проекти. Се надевам дека и нашите современи уметници, творејќи на различни полиња и во различни медиуми ќе најдат предизвик и инспирација во биографијата на Делчев, во неговите мисли и идеи и ќе ни понудат нови авторски перспективи, за што, се надевам поттик ќе биде и изложбата која денес ќе биде отворена.

Гоце Делчев бил визионер, идеолог и предводник на македонското националноослободително дело од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век и клучните дострели на македонската илинденска генерација несомнено го носат неговиот печат. Тој својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право за македонскиот народ претставува стожер врз кој ја градиме нашата државност и самобитност. Благодарение на својата преданост на делото, Делчев го има трајно обезбедено своето место во колективното паметење на македонскиот народ.

Неговите идеи и космополитизам, кои беа далеку пред времето во кое живееше, лесно ги надминуваат националните и регионалните рамки. Станува збор за револуционер чија мисла и дело ги крепат најзначајните општочовечки концепти за слобода, правда и рамноправност. Нè прави горди што неговите идеали ги споделуваме со сите слободољубиви народи во светот, особено со нашите први соседи.

Светот во кој живееше Делчев и оној во кој ние денес живееме, се сосема различни. Македонскиот народ за чија слобода се бореше, неа ја извојува и формираше своја држава за да може еднаков со сите останати да се натпреварува во светот разбран како поле за културен натпревар меѓу народите.

— реклама —

Сепак, неговите идеали не се целосно остварени. Сведоци сме дека и модерниот свет не е имун на конфликти, тензии и кризи од најразличен карактер. Полето за културен натпревар се стеснува и од време на време станува арена во која важи синтагмата дека човек на човека му е волк.

Нашата главна битка денес е да направиме сè во рамките на нашите можности - како држава, како поединци, како луѓе пред сè и да се натпреваруваме само во културните, во цивилизациските битки и во натпреварот на идеи. Да ја негуваме солидарноста и да ги живееме идеалите на Делчев за да покажеме дека тие можат и денес да бидат еднакво актуелни и прогресивни, како и пред повеќе од еден век кога за прв пат беа родени“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања