Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пентагон објави снимка: Потопена иранска фрегата, десетици исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library6mk1o37i99olePRe17W

Американското Министерство за одбрана објави снимка од нападот врз иранска фрегата во Индискиот Океан, во близина на брегот на Шри Ланка.

— реклама —

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американска подморница го потопила иранскиот воен брод „Iris Dena“, кој, како што рече, „мислел дека е безбеден во меѓународни води“.

„Бродот беше потопен со торпедо. Ова е прво потопување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна. Како и тогаш – ние се бориме за да победиме“, изјави Хегсет.

— реклама —

Нападот се случил во близина на градот Гале, на југот на Шри Ланка, непосредно надвор од територијалните води на оваа островска држава.

— реклама —

Според заменик-министерот за надворешни работи на Шри Ланка, во нападот загинале најмалку 80 лица. Според документацијата на бродот, на него имало околу 180 членови на екипажот.

Шриланканската морнарица соопшти дека спасила 32 лица по повикот за помош од потонатиот брод, додека десетици други сè уште се водат како исчезнати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 16 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања