ВИДЕО: Петков се поклони пред македонското знаме, па отиде на средба со Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-18-at-09.18.02

Бугарскиот премиер Кирил Петков со највисоки почести е пречекан во Македонија. Тој се поклони пред македонското знаме и Армијата во Владата. Петков се поздрави со сите министри кои ќе имаат средба со делегацијата на Владата од Бугарија. Бугарскиот премиер, ќе има средба со Димитар Ковачевски кој го пречека пред Владата, откако претходно, Бујар Османи го пречека на аеродром.

— реклама —

— реклама —
AHzOr8POJR8
— реклама —

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков после што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

Претседателите на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот “Електронски дневник за лица со дијабетес”, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Република Бугарија, премиерот Кирил Петков ќе има одделни средби со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања