Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarye5iqq69g1not3juRcUU

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ја обвини СДС дека се обидува да добие политички поени преку актуелната состојба во Гостивар, наместо, како што велат, да побара одговорност од локалната власт, предводена од нивните коалициски партнери.

— реклама —

Петрушевски изјави дека СДС шири невистини и потсети на, како што рече, нивните тврдења дека водата во Валандово не била безбедна за пиење иако, според него, вонредните анализи покажале спротивно.

— реклама —

Тој додаде дека во периодот кога СДС ја водела локалната власт во Валандово, не биле спроведувани ниту редовните анализи на квалитетот на водата.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека надлежните институции активно работат на надминување на состојбата во Гостивар и дека бројот на граѓани кои бараат лекарска помош се намалува.

— реклама —

Според Петрушевски, во наредните денови граѓаните треба да добијат технички исправна вода, која ќе може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата, а до крајот на следната недела, според проценките на надлежните, се очекува да биде обезбедена и вода безбедна за пиење.

— реклама —

„Важно е што се преземаат максимални напори за стабилизирање на состојбата во Гостивар. Рејтинг не се прави со лаги“, порача Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3g6bfke86mnlbQMofIq

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryei4gn0dijrj721M36ED

(Видео) Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Македонија | пред 6 дена

media-libraryu6ulb9uva4h010xVPmW

(Видео) „Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

media-library5n8jijhfe2hl5DsJg21

(Видео) „Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања