Главниот помошник за безбедност на летовите во Техничкиот универзитет во Бугарија, Марин Петров, за тамошните медиуми изјавил дека при воздухопловни инциденти, се разгледуваат сите причини кои би можеле да доведат до несреќа. Според него, ќе треба да се провери обуката која ја поминал пилотот, состојбата на авионот, временските услови.
„За овој тип летало, кога има силни турбуленции и силно струење, е забрането да лета низ такви облаци. Тоа е крајно опасно, оти брзината на потоците е толку голема што може да доведе до паѓање на авионот и уништување во воздух“, објаснил Петров.
Тој објасни дека Георги Бошнаков имал аматерска лиценца, за управува со мали авиони. Таа лиценца се стекнувала со курс од неколку месеци, кој вклучувал 140 часа тероија и 40 часа пракса.
Петров беше дециден дека во воздухопловството, во овој случај, одговоноста е на пилотот.
Димитар Ставрев пак, новинар кој истражува авионски несреќни, рече дека малиот авион со еден мотор бил во добра сосојтба и покрај неговата старост.
„Дел од пилотите кои управуваат вакви летала, сметаат дека тоа е како да возиш џип, односно можеш да возиш во секое време и покрај сите пречки на еден таков лет“, рекол Ставрев за „Бугарија ОН АИР“.
Според експертот за воздухопловство, Ангел Борисов, на местото на несреќата е многу тешко да се лета, оти има серија на високи врвови. Според него, теренот е многу опасен. Експеротот претпоставува дека и покрај лошите временски услови, пилотска грешка е причина за несреќата. Пилотот прво барал да слета во Скопје, а потоа заминал за Софија. Третата веројатност, според експертот, може да е неисправност на моторот на авионот.
Експертот Ангел Борисов додава дека пилотот ја потценил ситуацијата. Тој коментираше дека имало итна ситуација, што го принудила да го спушти авионот.
„За мене турбуленцијата не е нешто што треба да го присили пилотот да влезе под нивото на врвовите. Можно е да имало проблем со моторот. Можеби и проблем со управувањето на авионот“, додаде експертот за бугарската телевизија.
Регистрацијата на авионот била германска, а пилотот имал бугарска лиценца.