Промени тема
Контакт

(Видео) „Плаќам 12.000 долари месечно“ – инфлуенсерка се пожали дека сакале да ја иселат од домот за стари лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryamqdclaoinu77ki9KHF
screenshot tiktok

Американската инфлуенсерка Лилијан Дронијак, попозната на социјалните мрежи како „Grandma Droniak“, тврди дека домот за стари лица во кој живее ѝ се заканил со иселување поради поплаки од соседите за бучава и наводни забави во нејзината соба.

Таа на 11 јуни објави видео на TikTok и Instagram, во кое покажа официјално предупредување од управата на домот и порача дека ќе продолжи да се дружи со пријателите бидејќи за престојот плаќа околу 12.000 долари месечно.

— реклама —

Според предупредувањето, ѝ било посочено дека не смее да им служи алкохол на другите станари.

— реклама —

Нејзиниот претставник подоцна соопшти дека ситуацијата е решена и дека управата на домот ѝ дозволила да продолжи со дружењата и во доцните вечерни часови, но со услов да не се служи алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања