Километарски колони на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција. Се чека и повеќе од два и пол часа, иако се отворени сите пасошки контроли и има четири редици со возила.
Нервозата расте како што растат и гужвите. Револтот е бидејќи досега не се најде начин за да процесот биде побрз и без застој. Задржувања има и на грчка страна.
Србите се жалат и за гужви на границата помеѓу Србија и Македонија, „Прохор Пчински“. Тие кои поминувале од зори сведочат дека чекале по повеќе од час.
[caption id="attachment_298249" align="alignnone" width="1854"]
Screenshot[/caption]