Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека е постигнат договор со Хамас за ослободување на заложниците кои се држат во Газа, пишува Си-Ен-Ен.
Претходно во четвртокот, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека нема да коментира додека не се финализираат сите детали.
Договорот, објавен во средата од посредниците Катар, САД и Египет, ќе доведе до пауза во борбите во Газа и постепено ослободување на израелските заложници и палестински затвореници.
Нетанјаху му нареди на израелскиот безбедносен кабинет да се состане во петок, по што владата ќе се состане за да го одобри договорот.